Според најновите гласини, OnePlus планира да објави три модели во рамките на новата линија премиум телефони – OnePlus 9, 9 Pro и 9 Lite (9E). Сега се појавија фотографии кои го прикажуваат стандардниот OnePlus 9, потврдувајќи ја punch-hole селфи камерата и откривајќи ја поддршката за обратно безжично полнење.

Моментно, само OnePlus 8 Pro поддржува безжично и обратно безжично полнење, па се веруваше дека две функции ќе бидат резервирани за OnePlus 9 Pro моделот. Се чини дека нема да биде така, бидејќи протечените фотографии покажуваат постоење поддршка за обратно безжично полнење и на стандардниот OnePlus 9 модел.

Покрај тоа, сајтот 91mobiles дојде до информации и за полнењето преку кабел и капацитетот на батеријата. Сега знаеме дека 65W полач ќе биде задолжен за полнење на 4500mAh батеријата.

OnePlus ја подготвува својата 9 серија телефони за средината на март, а дотогаш не очелкуваат уште дополнителни детали за телефоните од оваа линија.