Реномираниот дојавувач и уредник на DisplaySearch, Рос Јанг објави неколку интересни информации за идните телефони со флексибилен екран.

Според Јанг, Samsung Galaxy Z Fold3 ќе има нешто помали екрани во однос на неговиот претходник Z Fold2. Ова ќе биде неопходно за да може S Pen да се смести во некој дел од куќиштето, со оглед на тоа што Z Fold3 ќе биде првиот флексибилен телефон на компанијата со поддршка за стајлус.

Galaxy Z Fold3 ќе има внатрешен екран со големина од 7,55 инчи (во споредба со 7,59 инчи кај Fold2 моделот), додека надворешниот екран ќе биде намален од 6,23 на 6,21 инчи. Од друга страна, Galaxy Z Flip3 и Z Flip Lite ќе имаат 6,7-инчни внатрешни екрани (Z Flip имаше 6,67-инчен екран).

Кога е во прашање Xiaomi, се сугерира дека кинеската компанија моментно работи на три телефони со флексибилен екран. Еден од нив се свиткува нанадвор, еден навнатре, а последниот е од преклопен тип. Сите овие телефони треба да се појават во текот на 2021 година, а останува да се види дали и со цената ќе им конкурираат на моделите на Samsung.