Компанијата Zoom, која стана популарна во светот за време на пандемијата на коронавирус, ги уверува своите корисници дека нема да има технички проблеми во текот на Божиќ и Нова Година.
Zoom во декември 2019 година имаше десет милиони корисници, а во април 2020. таа бројка достигна 300 милиони.
Поради рестриктивните мерки во голем број земји низ светот нема да биде дозволено семејни собири во домовите за време на Божиќ и Нова Година, па затоа повеќето корисници на оваа апликација ќе ја искористат можноста преку видео повици да разговараат симултано со повеќе лица.
Но се поставува прашањето дали апликацијата ќе може технички да го издржи тој наплив на корисниците во Европа и САД одеднаш.
„Ковид-19 го смени нашиот стил на живот, начин на работа и прославите во 2020. Како и се, така и празниците не изгледаат веќе исто“, пишува во блогот на оваа компанија.
Од компанијата Zoom, со седиште во Сан Хозе, наведуваат дека нема да има никакви проблеми за оние кои ќе сакаат да се видат на далечина, да ја користат нивната апликација.
„Кој било празник да е во прашање, поврзувањето на луѓето низ светот нема да биде тешко. Функционираме на глобално ниво, имаме центри на податоци низ светот, даваме значајна контрола и флексибилност кога станува збор давање аудио и видео услуги. Работиме со клауд провајдери од различни земји за да ги исполниме барањата на нашите корисници“, соопштуваат од Zoom.