Facebook на почетокот на мај најави дека наскоро ќе донесе нови функции на WhatsApp. Аудио и видео повиците, како и стикерите беа меѓу новите подобрувања кои Facebook им ги вети на WhatsApp корисниците, иако не е објавена временска рамка кога ова ќе се случи.

Сега изгледа дека двете функции, кои претходно беа најавени почнаа да им пристигнуваат на Android корисниците на WhatsApp. Android Police известува дека многу WhatsApp корисници почнуваат да забележуваат опции за групни повици на своите Android уреди.

Треба да се истакне дека истите функции веќе неколку дена пристигнуваат и на iOS уредите. Android корисниците можат да ги искористат предностите на групните повици само со најновата WhatsApp бета 2.18.162 верзија на апликацијата.

Се очекува дека ќе помине некое време додека новите функции не пристигнат до сите корисници на WhatsApp на Android.