Роботската компанија Nuro стана првата компанија на светот која доби дозвола за комерцијално користење на автономни возила во американската сојузна држава Калифорнија.

Тоа значи дека Nuro отсега може да превезува пратки со помош на автономни возила.

Системот на Nuro се темели на автономни возила кои се контролирани од оператор од надзорен центар и тоа е прв чекор кон користењето на можностите кои ги нудат автономните возила.

Во план им е доставната служба да функционира со возилата Toyota Prius, а потоа во доставата да ги вклучат и сопствените возила R2 кои се дизајнирани да служат исклучиво како возила за достава и воопшто немаат управувачки команди за возач.

Компанијата минатиот месец собра дури 500 милиони долари инвестиции кои ќе им овозможат реализација на овој амбициозен проект.

Извор: Zimo.hr