На почетокот на 2021. година не очекуваат доста интересни уреди, а меѓу нив е и OnePlus 9 серијата, која ја сочинуваат OnePlus 9 и OnePlus 9 Pro моделите. Меѓутоа, изгледа ќе има место и за уште еден смартфон, а гласините споменуваа дека се работи за OnePlus 9E.

Сепак, сега новиот извештај на сајтот Android Central сугерира дека третиот уред, всушност ќе биде OnePlus 9 Lite. Извештајот исто така споменува дека наместо Snapdragon 888 чипот, кој ќе ги покренува помоќните OnePlus 9 модели, OnePlus 9 Lite ќе пристигне со Snapdragon 865 чипсет.

Тоа е засега се што е познато за OnePlus 9 Lite моделот, но се очекува дека телефонот ќе има нов дисплеј, камери, Warp Charge можности како кај OnePlus 9 серијата, но без брзината која ја овозможува Snapdragon 888.

Се очекува дека OnePlus 9 серијата ќе биде претставена во текот на првото тримесечје на 2021. година, кога ќе дознаеме и повеќе детали за овие смартфони.