Motorola го претстави својот најнов Android таблет, под името Moto Tab G20. Уредот го краси 8-инчен LCD екран со HD+ резолуција, Helio P22T чипсет и 5100mAh батерија.

Moto Tab G20 доаѓа во една конфигурација, со 3GB RAM и 32GB простор за складирање (со microSD слот за проширување ). Android 11 е задолжен за софтверска поддршка.

Од предната страна на таблет уредот има селфи камера од 2MP, додека на задната страна се наоѓа сензор од 5MP. Присутна е и Dolby Atmos поддршка за звучнкот во дното на уредот. Таблетот има и приклучок за слушалки и USB-C порт за 10W брзини.

Motorola Moto Tab G20 пристигнува во Platinum сива боја, по цена од околу 150 долари, а ќе почне да се продава од 2. октомври.