Засекот (notch) во екранот веќе некое време е дел од дизајнот на iPhone, па корисниците очекуваат и новите модели да се појавуваат со овој елемент. Новите извештаи, сепак, укажуваат дека iPhone 13 би можел да пристигне со далеку подискретен засек, отколку што тоа беше случај кај претходните модели.

Се претпоставува дека iPhone 13 ќе пристигне со помал 3D сенсинг модул, што ја овозможува технологијата за препознавање на лицето. Засега не е јасно колку ќе се намали засекот на новите iPhone модели и кога Apple засекогаш ќе се прости од овој елемент. За да се изгуби засекот, неопходни се решенија за сместување на камерата под дисплејот, а тоа да не влијае на функционалноста на предната камера.

Компанијата ZTE веќе го испроба дизајнот без notch, а Samsung исто така работи на слични решенија, иако протечените рендери за Galaxy S21 покажуваат дека punch-hole отворот за селфи камерата е се уште присутен.