Најновиот Android 11 developer preview за OnePlus 8 серијата открива фотографија ид претстојниот телефон – OnePlus 8T. Рендерот го прикажува дизајнот на предната страна на уредот, која изгледа идентично на онаа кај OnePlus 8 моделот, со punch-hole отвор во горниот лев агол и рамен екран.

Фотографијата во софтвер build-от ја носи ознката OnePlus_8T.webp и пристигнува од About Phone секцијата.

Покрај рендерот од смартфонот, тука е и дел од преработеното Game Space мени во панорамски и портрет мод. Исто така, кодот укажува на 8К видео поддршка за претстојните уреди во рамките на OnePlus Camera апликацијата (верзија 5.4.74).

Претходните OnePlus 8T гласини сугерираа дека телефонот ќе користи Snapdragon 865 или Snapdragon 865+ чипсет и 8GB RAM. Исто така, се очекива поддршка за 65W Super Warp полнење.