На почетокот на овој месец, Oppo ја објави Reno 5 серијата телефони, додека најмоќниот модел Reno5 Pro+ беше само навестен. Познато е дека уредот ќе биде претставен на 24. декември, а сега имаме уште неколку детали што Oppo ги објави за уредот на своите страници на Weibo.
Официјално е потврдено дека Reno5 Pro+ ќе го користи новиот Sony IMX766 сензор. Ова ќе биде првпат споменатиот сензор да се појави на некој уред, иако немаме целосни спецификации на сензорот. Покрај главната камера од 50MP, се очекува Reno5 Pro+ да има ултра-широк 16MP, телефото 13MP и сензор за длабочина од 2MP.
Неодамнешниот TENAA листинг сугерираше дека Reno5 Pro+ ќе има заоблен 6,55-инчен AMOLED дисплеј со FHD+ резолуција и стапка на освежување на екранот од 90Hz. Се очекува и Snapdragon 865 процесор, со 8 GB/12 GB RAM и 128 GB/256 GB простор за складирање.
ColorOS 11 ќе биде одговорен за софтверската поддршка, преку Android 11, додека уредот ќе го напојува батерија од 4500mAh со поддршка за полнење од 65W bro. Телефонот ќе има посебна текстура на задната страна, со Reno брендирање.