Microsoft почна со испорака на верзијата 83 на својот Edge браузер за корисниците во стабилниот канал. Оваа верзија на ажурирање вклучува неколку поголеми подобрувања, како што е можноста за синхронизирање на екстензиите на различните уреди и во инстанците на прегледникот.

Edge се уште не поддржува синхронизирање на историјатот на пребарување или отворените табови, иако овие опции се видливи на страницата за подесувања. Collections, исто така, доби подобрувања, а тука е и можноста за повлекување на содржините во Collections без потреба од отворање на оваа секција, како и додавање повеќе работи и табови во колекцијата.

Microsoft Edge сега може динамички да се профрла помеѓу профилите, а тука се и подобрувањата за Microsoft Defender SmartScreen заштитата, додека Immersive Reader може да се користи со селектираната содржина на веб-страницата.

Microsoft го испорачува Edge 83 во сегменти, така што ажурирањето нема да им биде достапно веднаш на сите, но се очекува дека ќе пристигне до сите во следните неколку дена.