Последните извештаи сугерираат дека Samsung може да претстави најмалку три смартфони од A-серијата, како што се A32 5G, Galaxy A52 5G и Galaxy A72 5Gv. Меѓу нив, се верува дека Galaxy A32 5G ќе пристигне како најевтин 5G телефон на јужнокорејската компанија. Сепак, најновите информации укажуваат дека Galaxy A22 5G, кој се очекува следната година, би можел да ја носи титулата најевтин 5G уред на Samsung.
Galaxy A32 5G се очекува на почетокот на 2021. година, со цена од околу 299 евра. Новите информации сугерираат дека Galaxy A22 5G ќе дебитира во средината на следната година, по цена од околу 200.000 вони, што е околу 185 долари. Телефонот ќе биде насочен кон растечките пазари, како Индија и земјите од Јужна Азија.
Galaxy A22 5G се очекува да го наследи моделот Galaxy A21 LTE, кој беше претставен пред неколку месеци. Телефонот ќе се натпреварува со ефтините 5G телефони од Huawei, Xiaomi, OPPO и Vivo.
Samsung најверојатно ќе ја користи стратегијата JDM за производство на моделот Galaxy A22 5G, во партнерство со кинеските компании Wingtech и Hwachin. Samsung треба делумно да се вклучи во производството на некои важни делови за телефонот.
Засега нема информации за спецификациите на телефонот Galaxy A22 5G и се очекува да се види дали телефонот може да користи Dimensity 700 5G или некој друг чипсет од пониска класа што нуди поддршка за 5G конекцијата.
Извор: Benchmark.rs
Поврзани артикли