Honor вети дека ќе објави нов смартфон, набрзо по продажбата на брендот од страна на Huawei, и сите индикации се дека претстојниот телефон ќе биде Honor V40. Иако сè уште има многу непознати работи во врска со овој уред, новите протечени информации даваат подобар увид во претстојниот телефон.
Рендерот и скицата на Honor V40 моделот го покажуваат уникатниот дизајн на кружниот камера модул на задната страна и овалниот засек за селфи камерата во екранот. Екранот од предната страна е исто така закривен по двата раба. Натписот на испакнувањето за камерите открива дека телефонот ќе има камера со аферичен објектив на компанијата Leica.
Скиците на телефонот укажуваат и на тоа дека punch-hole камерата од предната страна ќе биде помала од порано, додека модулот на задната страна ќе содржи четири сензори.
Поврзани артикли