Sony го најави новиот Alpha фото-апарат за 21. октомври, а судејќи според мета податоците на YouTube, се работи за долгоочекуваниот full-frame A7 IV модел без огледало.

Иако Sony не објави никакви информации за споменатиот модел, YouTube таговите откриваат голем дел од спецификациите на фото-апаратот. Ова ги вклучува таговите како што се Sony E-mount camera, 4K, Eye AF, silent shutter, FTP, 4K60p, 10fps, 33MP, BIONZ XR, All-I XAVC S-I, 5GHz Wi-Fi, USB 10Gbps, Creative Look и друго.

Оваа листа, доколку е точна, би значела дека Sony A7 IV ќе биде солиден хибриден фото-апарат со полн формат. Останува сето наведеното да биде официнјално потврдено, заедно со цената и достапноста. Сите детали ќе ги дознаеме на 21. октомври.