Темна бура со ширина од 7.400 километри на ледената планета Нептун ги збуни астрономите откако ја промени насоката.

Вртлозите, односно темните точки на Нептун не се невообичаени, но никој претходно не бил сведок дека некои се вратиле кон половите откако се движеле кон екваторот.

Користејќи слики од вселенскиот телескоп Хабл, астрономите рекле дека промената на правецот е изненадувачка.

Бурата е поширока од Атлантскиот океан на Земјата, а Хабл за прв пат ја откри темната бура во 2018 година на северната хемисфера на Нептун.

Една година подоцна, новите набудувања покажале дека истата бура се движела кон екваторот, а компјутерските симулации сугерираат дека кога ќе се приближи до „екваторијалната зона на смртта“, таа ќе биде уништена.

Сепак, последните согледувања од август 2020 година покажуваат дека очигледно се движи кон север, кон поларниот регион, што е феномен кој ги збуни астрономите.

Се претпоставува дека ова би можело да биде предизвикано од избувнување на мало невреме, кое „Хабл“ го забележа во август.

Овие „темни вртлози“ се системи со висок притисок кои можат да се формираат на средна ширина и кои на крајот би можеле да мигрираат на екваторот каде што се распаѓаат.

„Беше навистина возбудливо да се види овој процес кој се чини дека завршува, а потоа одеднаш едноставно застанува и се движи во спротивна насока. Тоа беше изненадувачки“, рече научникот Мајкл Вонг.

Точната причина за преживувањето на темната бура е непозната, но Вонг верува дека тоа може да биде поврзано со мала темна бура која се гледа на сликите.

„Не мислев дека се создава втор вртлог бидејќи е малку подалеку od екваторот. Значи, се наоѓа во овој нестабилен регион. Но, не можеме да докажеме дека тие се поврзани. Останува целосна мистерија“, напиша Вонг во статија за НАСА.

Астрономите планираат подетално да го проучат овој феномен, пренесува Daily Mail.

Вселенскиот брод „Војаџер 2“, кој сега е надвор од Сончевиот систем, исто така забележал две темни бури во 1989 година.

Извор: Dnevno.rs