Корисниците на Mac компјутерите и досега можеа да ја користат оваа популарна апликација за видео конференции, но за нејзино стартување беше неопходен „code translation“. Почнувајќи од денеска, 21 декември, тоа повеќе нема да биде потребно, бидејќи Zoom официјално ги поддржува Mac уредите базирани на М1 чипот. Сепак, корисниците ќе треба повторно да ја инсталираат оваа апликација, но сигурни сме дека тоа нема да претставува проблем.
Предноста на нативната M1 апликација е во тоа што значително троши значително помалку батерија отколку „преведените“ апликации. Се покажа дека за двочасовен видео повик, сегашната верзија на Zoom троши речиси 14 проценти од батеријата. Нативната апликација напишана за М1 процесорот е подобро оптимизирана и прилагодена на М1 процесорите, што освен на намалувањето на потрошувачката на батеријата, ќе влијае и на подобрување на перформансите на компјутерот доколку Zoom се користи заедно со други апликации.
Покрај специјалната верзија за M1 Mac-овите, во новиот Zoom пристигнуваат и некои нови корисни опции. На пример, корисниците со Zoom Phone Pro лиценци ќе можат да испраќаат текстуални пораки на мобилните телефони, а олеснето е и додавањето на cloud контакти. Оваа надградба на апликацијата, која доживеа огромна популарност во последната година, е една од најзначајните иновации кога станува збор за поддршка за корисниците кои ги купиле новите компјутери на Apple.
Поврзани артикли