Noctua уште во текот на Computex 2019 саемот претстави свој прототип на пасивно ладење, кое имаше тежина од 1,5 кг и можеше пасивно да ја спроведува топлината на 120W или на 180W со тивки вентилатори на куќиштето.

Прототипот имаше можност за монтирање и за AM4 и за LGA 115x подножјето, а кулерот можеше да го одржува Intel i9-9900K процесорот разладен под полно оптоварување.

Noctua вредно работи на тоа во текот на првото тримесечје на 2021. година да објави комерцијално достапен пасивен CPU кулер. Ова ладење неодамна беше забележано на фотографија, која ја објави @FanlessTech, а се сугерира дека наскоро влегува во масовно производство.

Се очекува Noctua да објави повеќе детали за овој пасивен CPU кулер во претстојните месеци.