Facebook ги извести корисниците на Messenger и Instagram во Европа дека некои функции во моментот се привремено недостапни.
Пораката неделава се појави во апликациите на Facebook Messenger и Instagram за европските корисници, со напомена дека некои карактеристики не се достапни поради „усогласување со новите правила за услугата размена на пораки во Европа“.
Facebook не прецизира точно кои функции ќе недостасуваат, но компанијата на своите страници за поддршка открива дека функцијата „Анкета“ и на Messenger и на Instagram во моментов не е достапна во Европа.
На Instagram исто така ги нема стикерите, а на Messenger недостигаат персонализираните одговори. Други функции кои можеби не ви се достапни се испраќање одредени датотеки преку Messenger и неможноста да се постават прекари.
Не е јасно кога Facebook ќе ги врати овие функции за европските корисници, но портпарол на компанијата вели дека повеќето ќе се вратат многу брзо.
Поврзани артикли