Sony одлучи да ја повлече играта Cyberpunk 2077 од продавницата на PlayStation и им понуди на гејмерите враќање на парите.
Играчите се пожалија дека играта е полна со багови и разни проблеми и дека е склона кон „креширање “. На почетокот на неделава, програмерите на играта CD Projekt понуди да им бидат вратени парите на оние кои ја купиле играта и не се задоволни.
Компанијата исто така вети „закрпа“ за решавање на постоечките проблеми, а сè уште не е познато кога Sony Interactive Entertainment (SIE) планира да ја врати играта во продавницата PlayStation.
Во Cyberpunk 2077, играчите се наоѓаат во светот на криминалот каде што можат да купат технологија и да ги подобрат своите тела. Играта првично беше најавена во 2012. година, а потоа исчезна од радарот во 2018 година, а конечно помпезно беше најавена во јуни минатата година со соопштението дека кон проектот се приклучува и актерот Кијану Ривс.
Проблемите со играта најмногу се случуваа на постарите конзоли како PS4 и Xbox One. Решенијата се очекува да стигнат во јануари и февруари 2021. година.
Извор: Klix.ba