Кон крајот на минатиот месец, експерти од ЕСЕТ препознале тројанец за Android кој краде пари директно од PayPal. 

Најновиот злонамерен софтвер чија мета е вашата сметка на PayPal се крие зад апликацијата за оптимизација на работата на батеријата наречена Optimization Android. Откако жртвата ќе ја инсталира апликацијата, таа бара дозвола за „испраќање статистика на програмерот“ – услуга која всушност е софтвер за пронаоѓање на сметката на PayPal.

Ако ја пронајде, тројанецот веднаш испраќа потсетник кој го моли корисникот да ја отвори апликацијата. Откако корисникот ќе го направи тоа и ќе ја внесе лозинката за да пристапи до PayPal сметката, софтверот автоматски ја празни сметката и парите се праќаат на сметката на „напаѓачот“.

Погледнете како работи измамничкиот софтвер.

Извор: Tportal.hr