Huawei ја објави првата верзија на својот сопствен оперативен систем – HarmonyOS, кој сега ги поддржува телефоните (првата креирана верзија дебитираше на смарт ТВ). Софтверот моментно е во бета, а програмерите и корисниците се повикуваат да ја испробаат.
Телефоните кои моментно се поддржани се: Huawei P40, P40 Pro, Mate 30 (и неговата 5G верзија) и Mate 30 Pro (и неговата 5G верзија). Еден таблет уред, исто така, ќе го добие новиот OS, а во прашање е Huawei MatePad Pro (Wi-Fi, LTE и 5G). Се очекува дека во иднина ќе бидат поддржани уште повеќе EMUI 11 уреди, но првата бета верзија е лимитирана само на споменатите уреди.
HarmonyOS 2.0 Beta на избраните уреди може да се испорача OTA (Over The Air), доколку корисникот се логира ТУКА (страницата е на кинески). Доколку вашиот налог биде одобрен, добивате мејл за потврда и ажурирањето ќе биде испорачано на вашиот телефон или таблет по неколку дена.
Huawei не се потпира само на Android апликациите. Компанијата објави и натпревар за програмерите (со вкупен награден фонд од околу 230.000 долари) за креирање на нови апликации за Harmony. Компамнијата за програмерите објави IDE i емулатор за да се олесни тестирањето.
Покрај тоа, HarmonyOS вклучува многу нови функции. Главната идеја на оперативниот систем е да го покрене она што Huawei го нарекува „Internet of Everything“, што значи дека корисничкиот интрерфејс мора да се прилагоди на многуте различни екрани (телефон, таблет, автомобил и друго)
По испробувањето на новиот софтвер, корисникот може да се врати на EMUI 11, а се препорачува претходен бекап на податоците.