Исклучително популарниот Snapdragon 675 чипсет е објавен во 2018. година, а сега конечно ќе добие наследник. Qualcomm го објави новиот Snapdragon 678 чип, кој има за цел да овозможи подобро фотографирање и можности за конекција во средниот сегмент на пазарот, а при тоа да не се жртвува издржливоста на батеријата.
Snapdragon 678 е креиран во 11nm LLP процес и прилично е сличен на својот претходник. Единствената измена се оверклокуваните Cortex A76 јадра, кои работат на такт до 2.2GHz (во споредба со 2.9GHz за Snapdragon 675). Тука е истиот Adreno 612 GPU, иако Qualcomm ветува подобрени перформанси и во доменот на графиката.
Остатокот од спецификациите на Snapdragon 678 чипсетот вклучуваат Qualcomm Spectra 250L ISP, Snapdragon X12 LTE модем и Hexagon 685 DSP. SD 678 поддржува телефони со резолуција на дисплејот до 2520 x 1080 пиксели и 10-битни бои. Кога се во прашање камерите, поддржани се 48MP главни и 16MP селфи сензори, со снимање на 4K видео @30fps со HEVC кодек.