Microsoft ја објави свежата верзија на своите Office апликации, кои од старт работат со Apple M1 чипот на новите Macbook Air, Macbook Pro и Mac Mini компјутерите. Апликациите кои добиваат ажурирање се Outlook, Word, Excel, PowerPoint и OneNote.
Компанијата истакнува дека програмите работат побрзо и ќе ги користат целосните предности на подобрувањата на перформансите кои ги нуди M1 чипот. Во прашање се Universal (универзални) апликации, така што без проблеми би требало да ги покренуваат и Mac уреди со Intel процесори.
Apple својот M1 чип во претстави во ноември. Чипсетот е креиран во 5nm процес, има CPU и GPU со по осум јадра, како и напреден Neural Engine за machine learning процеси. Ова е и прв процесор кој Apple самостојно го дизајнирал.
Оние кои го сакаат најновото Microsoft 365 ажурирање, можат да го преземат од Mac App Store (Updates tab).
Поврзани артикли