Неодамнешните неофицијални информации сугерираат дека Xiaomi Watch S1 Active, кој стана предмет на шпекулации минатата недела, ќе биде официјализиран на 15. март. Оваа гласина се испостави како точна, бидејќи Xiaomi официјално објави дека ќе го претстави Watch S1 Active во вторник на истиот настан каде што Xiaomi 12 серијата смартфони го имаше своето глобално деби.

Xiaomi не дава други информации за Watch S1 Active, но сликата што ја сподели компанијата на Twitter открива дека ремените на паметниот часовник ќе бидат во најмалку шест бои, вклучувајќи бела, сина и црна, што ги потврдува претходните гласини.

Минатиот декември, Xiaomi го лансираше Watch S1 во Кина, но не е јасно дали ќе дебитира и на глобално ниво на настанот на 15 март.

Во секој случај, бидејќи настанот е веќе задутре, нема уште долго да чекаме за да дознаеме се за производите на Xiaomi кои тогаш ќе бидат претставени на меѓународниот пазар.