Претходните гласини за откажување на објавувата на Samsung Galaxy S21 FE 5G можеби беа претерани. Дојавувачот Ice Universe тврди дека S21 FE ќе биде објавен заедно со серијата S22 кон крајот на декември или почетокот на јануари, додека Роланд Кванд истакнува дека Samsung ги прави вообичаените подготовки пред објавувањето и дека S21 FE дефинитивно ќе биде претставен.

За целосната конфузија околу ситуацијата со Galaxy S21 FE моделот придонесе отстранувањето на страниците за поддршка на овој телефон, иако Samsung никогаш не објсви ништо официјално за статусот на уредот.

Сега сајтот SamMobile известува дека објавувата на новата Galaxy S22 серија е одложена. Овие телефони најпрвин се очекуваа кон крајот на декември или јануари, а сега наводно објавата е одложена за крајот на февруари и MWC 2022 конференцијата.

Ова ќе му овозможи на Galaxy S21 FE да го добие потребниот простор, барем на некои пазари, со оглед дека недостатокот на чипови може да доведе до ограничена достапност на телефонот. Некои пазари ќе го добијат телефонот во јануари, додека други ќе треба да почекаат подолго на достапноста на уредот.