Американската компанија Google објави дека нејзините вработени ќе можат да работат од дома до септември 2021 година.

Компанијата исто така најави дека ќе ја тестира идејата за „флексибилна работна недела“ веднаш штом работниот процес се нормализира, изјави извршниот директор на компанијата Сундар Пичаи.

Според таа идеја, кога епидемиолошката состојба ќе се смири и процесот на работа повторно ќе се нормализира, вработените ќе можат да работат во канцеларија три дена, а два од дома.

„Ние сакаме да ја тестираме идејата дека флексибилното работно време може да придонесе за подобра продуктивност, соработка и општо добро на компанијата“, рече Пичаи.