Компанијата Tesla се сели од Силиконската долина во Тексас, објави извршниот директор Елон Маск, кој предвидува дека центарот на високата технологија во Калифорнија може да го изгуби своето влијание, пренесуваат британските медиуми.

Маск рече дека Калифорнија има „премногу влијание врз светот“, но дека нејзината моќ ослабува.

Tesla, чија вредност се проценува на 500 милијарди долари, ќе гради нова фабрика во Остин, пренесува Би-Би-Си.

Вселенските деловни капацитети Space X веќе работат во Тексас.

„Двете најголеми работи се развојот на проектот Starship во Јужен Тексас и големата нова американска фабрика Тесла, изјави Маск за „Волстрит журнал“.

Во мај, Маск се закани дека ќе го премести Tesla во Тексас откако локалните власти го одбиле неговото барање за отворање на фабриката и покрај воведените мерки за борба против пандемијата.