Милијардерот Ричард Бренсон го продава својот удел во „Вирџин Галактик“ за да собере 500 милиони долари за да спаси други делови од својата империја, вклучително и „Вирџин Атлантик“, јавува Би-Би-Си.

Бренсон претходно беше критикуван дека барал пари на даночните обврзници за да ја зачува својата авиокомпанија, но сега продава удел во неговата компанија за вселенско истражување.

„Вирџин Атлантик“ минатата недела објави дека ќе отпушти 3.000 работници и ќе ги затвори своите операции на аеродромот „Гетвик“.

Авијациската индустрија е една од најпогодените од пандемијата на коронавирус, а глобалното патување е преполовено.

Бренсон, кој е сопственик на 51 процент од „Вирџин Атлантик“, во април понуди свое луксузно одморалиште на островот Некер како колатерал за заем од британската влада, за кој се верува дека е 500 милиони фунти, и тие разговори се во тек.