Apple можеби подготвува ново ажурирање на својот најдостапен iPad, според наводите на cnBeta. Овој уред би требало да се појави напролет следната година, а Apple уште еднаш ќе ја зголеми големината на екранот на својот најевтин таблет, од 10.2 на 10.5 инчи.
Таблетот ќе го задржи Touch ID Home копчето, а покрај него ќе продолжи да го користи и
Apple Lightning портот, кој iPad Air и iPad Pro веќе го заменија со USB Type-C порт. Секако, споменатите два таблет уреда го отфрлија Home копчето и Touch ID, а ги воведоа целосниот екран на предната страна и Face ID технологијата на препознавање на лицето.
Кога е во прашање хардверот, iPad (9. генерација) со големина на екранот од 10.5 инчи би можел да користи Apple A13 Bionic процесор, со 4GB RAM. Основниот простор за складирање ќе изнесува 64GB, што е зголемување во однос на актуелните 32GB.
Се сугерира дека споменатиот основен модел на iPad, ќе пристигне на пазарот и по пониска цена од 299 долари, за разлика од сегашната од 329 долари.
Поврзани артикли