Google во 2018. година го претстави Pixel Stand, безжичен полнач за Pixel теелфоните. Компанијата, според наводите, сега го подготвува наследникот на овој уред, кој би можел да биде исклучителен и да биде објавен заедно со Pixel 6 серијата.

Според деталите од кодот, откриен во најновата Android 12 Beta 2 верзија, во подготовка е нов безжичен полнач на Google. Кодот споменува и разладни вентилатори за овој полнач, што сугерира дека ќе биде способен да испорача повеќе од 10W колку што нудеше оригиналниот Pixel Stand.

Кодното име на полначот е „Luxuryliner“, што укажува на можноста да се работи за вертикален безжичен полнач. Се очекува дека и оригиналниот Pixel Stand, ќе активира интерфејс со различни функции. Ова би вклучувало приказ на распоредот, информации за сообраќајот и најновите вести. Во текот на вечерта, би се вклучувал Do Not Disturb Mode и друго.