Како и што се очекуваше, Lenovo официјално ја претстави својата Lenovo K12 серија телефони во Кина. Во прашање се Lenovo K12 и K12 Pro, а практично се работи за ребрендирани Moto E7 Plus и Moto G9 Power модели.
Lenovo K12 има 6.5-инчен HD+ LCD екран, со засек за 8MP селфи камера. Го покренува Snapdragon 460 чипсет, во комбинација со 4GB RAM и 64GB простор за складирање податоци.
Телефон на задната страна има 48MP главна камера, заедно 2MP сензор за длабочина. Капацитетот на батеријата е 5000mAh, додека за софтверската поддршка е задолжен
Android 10.
Lenovo K12 Pro има 6.8-инчен екран со HD+ резолуција и punch-hole отвор за 16MP селфи камера. На задната страна на уредот се наоѓа 64MP главна камера, со 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.