За жал индустријата на забавата е една од најтешко погодените од пандемијата на коронавирусот, но една гранка на таа индустрија процвета во буквална смисла на зборот.

Ширењето на коронавирусот предизвика и „епидемија“ на играње игри, а сето тоа со себе повлече и огромен профит кој гејминг индустријата го направи со продажба на игри и додатоци во игрите.

Според податоците на компанијата GoldenCasinoNews, само од 16-ти до 22-ри март глобалната проодажба на игри скокнала за неверојатни 63% со продажба на околу 4,3 милиони легални копии ширум светот.

Истовремено, продажбата на игри за конзоли пораснала за 155%, а вкупно во март на конзоли, игри и додатоци потрошени се над милијарда и пол долари. Интересно е и тоа што и продажбата на физички копии на игри во кутија пораснала за 82% во истиот период од 16-ти до 22-ри март. Продадени биле дури 1,6 милиони такви игри.

За зголемената продажба придонесоа посебно две игри – компјутерската верзија на Doom: Eternal и Nintendo Switch играта Animal Crossing: New Horizons.

Продажбата на дигитални копии е зголемена за 59,9%, а профитот од дигитално продадените игри е највисок досега во гејминг индустријата во текот на целиот месец март – преку 10 милијарди долари.

Во текот на март многу гејмери поминаа значително повеќе време играјќи видео игри отколку во претходните месеци. Американците играат повеќе за 45%, Французите за 38%, Британците за 29% и Германците за околу 20%.