Google неодамна го објави Android 14 во стабилна верзија, а сега имаме понова статистика кога станува збор за дистрибуцијата на Android платформата на пазарот.

Статистиката ни покажува како корисниците го прифаќаат оперативниот систем Андроид и која верзија е најпопуларна. Последен пат ваква статистика имавме во мај.

Врз основа на најновите статистики, Андроид 13 е најкористената верзија на Андроид и зазеде 22,4% од уделот на пазарот (значително зголемување од мај кога беше на 15%).

Втората најкористена верзија на Android на многумина ќе им изгледа изненадувачка, бидејќи е Android 11 со 21,6% покриеност на пазарот. Андроид 11 забележа пад во споредба со мај, но сепак е изненадување што е рангиран толку високо.

По него следуваат Android 10 (16,1% удел на пазарот) и Android 12 (15,8%), што исто така е изненадување. Очигледно, корисниците не го сакаат Android 12 и претпочитаат постари верзии.

Статистиката покажува дека постарите верзии на Android се сè уште активни, што покажува колку може да бидат непостојани дистрибуциите на Android.

Очекувано, Android 14 моментално не е дел од статистиката, со оглед на тоа што неодамна беше објавен и се уште се очекува да пристигне на повеќе телефони.