На дискетата се наоѓа системски софтвер за Macintosh од 1988 година, но тоа не е причината за високата цена.

Дискетата со потпис на еден од основачите на компанијата Apple, Стив Џобс, била понудена на онлајн аукција која ја организирала аукциската куќа RR Auctions. Пред аукцијата била проценета на 7.500 долари.

Меѓутоа, понудите набрзо започнале да растат. Заинтересираните купувачи нуделе сè повисоки суми, сè додека еден неименуван наддавач не понудил 84.115 долари.

На дискетата се наоѓа системски софтвер за Macintosh од 1988 година (Macintosh System Tools 6.0). Сепак, за високата цена најголем „виновник“ е потписот на Џобс на неа, со оглед на фактот дека многу ретко давал автограми во текот на својот живот.

Ова инаку не е првпат автограм на таткото на Apple да достигне толкава цена – постер од долгометражниот филм Toy Story со негов потпис бил продаден на аукција во септември, за 30.000 долари, додека неговата молба за работа од 1973 година е продадена за дури 174.000 долари.

Извор: Telegraf.rs