Google почна со испорака на ново ажурирање за Gmail апликацијата за Android, кое “+” иконата ја менува со ново Compose копче.

Апликацијата од минатогодишниот Material Design 2.0 интерфејс користеше “+” симбол, а новото копче автоматски ќе се претвора во икона на пенкалце, кога ќе се скрола надолу или нагоре.

Во прашање е мала и суптила измена, која на корисниците кои не се запознаени со тоа како функционира Gmail апликацијата, ќе им овозможи брзо креирање на мејл пораки.

Со оглед на тоа дека Google го следи истиот дизајнерски јазик за Gmail и на Android и на веб, можно е дека новото Compose копче ќе го видиме и во Gmail верзијата на апликацијата за веб.

Новото Compose копче е дел од Gmail v2020.05.17.313130477 верзијата, која преку Play Store полека пристигнува на сите Android уреди.