Патент на компанијата Sony открива амбициозен проект за развој на конзола, која има две графички картички. Ова е слично на некои PC конфигурации со Nvidia SLI или AMD CrossFire GPU поддршка. Патентот, меѓутоа, споменува дека имплементирањето на две графички карти во конзолата е посложено отколку во случајот на PC уредите.
Деталите на патентот покажуваат дека двата графички процесора би можеле да работат симултано во рендерирањето на еден фрејм или да се подели фрејмот на две и да се проследи кон две GPU единици.
Се споменува и варијанта на конзола од повисокиот сегмент, со поголемо и побрзо складирање и две графички карти, како и верзија која има само еден GPU. Ова би можело да биде во склад со PS4 и PS4 Pro конфигурациите (изземајќи го GPU делот). Може да се претпостави дека Sony веќе работи на PlayStation 5 Pro конзола со две GPU. Тоа потенцијално би можело да обезбеди поквалитетно VR искуство и 4K гејминг @120fps. На крајот, двата GPU би имале свој мемориски контролер и меморија.
На крајот, патентот укажува на cloud гејминг, кој бара дополнителен уред опремен со сензори како што се NFC, GPS, IR бластер, биосензори, сензори за време и друго. Уредот би бил поврзан со конзолата, за да се овозможи работа преку облак, како и cloud гејминг.