Новата студија која ја спроведоа Nokia и Telefonica откри дека 5G мрежите се до 90 процденти поефикасни од 4G мрежите. Наодите се резултат на тримесечна студија за испитување на потрошувачката на мрежата за радио пристап (RAN) во мрежата на Telefonica.
Двете компании истакнаа дека, иако мрежите 5G драматично ќе го зголемат протокот, тоа нема да доведе до зголемување на потрошувачката на енергија со иста брзина, што покажува посветеност на овие компании за климатските промени.
И покрај позитивните резултати, Nokia признава дека 5G мрежите сепак бараат дополнителни активности за да станат поефикасни во енергијата и да ги намалат емисиите на СО2. Се вели дека постојните функции за заштеда на енергија на радио-базните станици и нивоата на мрежата, како што се 5G функциите за заштеда на енергија, апликациите со мали ќелии и новите 5G архитектури и протоколи, можат „значително да ја подобрат“ енергетската ефикасност на безжичните мрежи кога се комбинираат.
Студијата користеше решенија од портфолиото на AirScale на Nokia, вклучувајќи ги AirScale Base Stations и AirScale Massive MIMO Active Antenna решенијата.
Двете компании велат дека се посветени на ограничување на глобалното затоплување на 1,5 C степени. Nokia конкретно рече дека ќе ги намали емисиите од своите деловни активности за 41% до 2030-та година и им помогна на клиентите да ги надградат своите базни станици за да користат 46 проценти помалку енергија.
Минатата година, компанијата посочи дека доставила производи со нулта емисија на повеќе од 150 потрошувачи ширум светот, и ова треба да помогне во намалување на емисиите на СО2 што инаку би исчезнале.
Извор: Benchmark.rs