Xiaomi кај CCC (познат и како 3C) го сертификуваше новиот брз полнач од 55W, а дојавувачот Digital Chat Station навестува дека ќе се најде кај новите Redmi телефони, како и флегшип моделите на Xioami. Бројот на модел на адаптерот за напојување е MDI-12-EK, што е еволуција во однос на претходните модели и ќе поддржува брзина на полнење од 11V на 5A.

Xiaomi има широк спектар адаптери за напојување кои поддржуваат мноштво нови и стари стандарди. Меѓутоа, досега се уште не сме виделе Redmi премиум телефон со нешто побрз полнач од 33W – моментно Redmi K30 Ultra е лидер меѓу телефоните кои му припаѓаат на овој бренд.

Дури и Xiaomi Mi 10 Pro се полни „само“ на 50W, иако се испорачува со полнач од 65W. Ова значи дека би можеле да добиеме покомпактно и поефикасно решение со следниот флегшип модел или со мало унапредување од 55W и со соодветна батерија.