Се примаат две дози во период од 21 ден, а имунитетот во целост се создава само седум дена по втората доза.

Вакцината на Pfizer против коронавирус која денеска и официјално е регистрирана за употреба во Велика Британија пружа имунитет на Ковид-19 седум дена по примањето на втората доза, според зборовите на британските експерти.

Професорот Мунир Пиромохамед на прес-конференција рекол дека се потребни две дози од вакцината на Pfizer во период од 21 ден, а дека делумен имунитет се создава по првата доза вакцина. Сепак, најмоќна заштита се стекнува седум дена по втората доза.

Потсетуваме, Велика Британија ја одобрила употребата на вакцините на компаниите Pfizer и Biontech и тие ќе може да се користат веќе наредните недели, јавува Reuters.

„Владата ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобрила употреба на вакцините на Pfizer и Biontech во борбата против Ковид-19″, се наведува во соопштението на британската влада.

Првите вакцини ќе се добијат веќе следната недела.

Извор: Telegraf.rs