Ограбувачите на египетските гробови ги кршеле носoвите на камените статуи, верувајќи дека тоа ќе ги заштити од одмаздата на злите духови, вели американскиот египтолог Едвард Блејберг. Тој својата теорија ја престави во интервју за магазинот „Artsy“.

Блејберг е куратор на изложба во Бруклин, каде што се претставени многу древни египетски статуи, вклучувајќи ги и оние со скршени носеви. Посетителите на изложбата честопати прашувале што е поврзано со нив, но Блејберг долго време го барал вистинскиот одговор.

Подробната експертиза по ова прашање покажало дека носевите на статуите се скршени со намера и не се работи за никаков дефект или уништување од забот на времето.

Според Блејберг, крадците на гробовите се обидувале да се заштитат од прогон на зли духови. Според Египќаните, статуите биле еден вид чувари на душата на личноста што ја претставувале, а оштетувањето на дел од телото на статуата им ја земало силата. Така, уништувањето на носот, според верувањата, не и давало на статуата да “дише”.

Статуите со скршени носеви ќе станат експонати на нова изложба посветена на древниот Египет.p