Аеродромите обично се парче асфалт на рамна земја над градот, но не и новиот аеродром Пакјонг во Индија. Тој е неверојатен инженерски потфат на самиот врв на светот. Сместен во планините Хималаи, на височина од 1.400 метри, аеродромот е изграден со цел да ги поврзе градовите во провинцијата Сиким.

Поради релјефот во кој се наоѓа, аеродромот претставува еден од најдраматичните пристапи.

Аеродромот официјално ќе биде отворен в понеделник, а со него Индија има 100 оперативни аеродроми.

Изградбата чинела 68,7 милиони долари, а покажува вистинска победа на инженерите, кои успеале да скротат такво опкружување.

Пистата е долга 1,7 километар, а широка 30 метри. Сиким е регион што се граничи со Бутан и Непал, а познат е по својот див хималајски пејзаж – 28 планински врвови, 21 глечер и над 200 езера.