Следниот премиум телефон на компанијата Realme го носи кодното име „Race“ и ознака на модел RMX2202. Телефонот ќе го покренува тукушто претставениот Snapdragon 888 премиум чипсер на компанијата Qualcomm.

Realme Race ќе биде еден од првите смартфони со споменатиот чип, што ќе се појави на пазарот. Чипсетот ќе биде искомбиниран со 12GB RAM и 256GB простор за складирање, со Android 11 и Realme UI 2.0 кориснички интерфејс.

Се појави фотографија од телефонот, која покажува систем со четири камери, сместени во испакнувањето во Oreo стил. Засега нема информација за сензорите кои ќе бидат дел од системот на камери. Исто така, не е познато дали Realme Race ќе користи 125W UltraDART полнење или оваа опција ќе дебитира на друг уред.

Madhav Sheth, CEO на компанијата Realme, објави неколку тизери на Twitter, меѓу кои и тоа дека за декември се подготвува изненадување, а укажува и на додавање на нова буква во постоечката линија производи на компанијата Realme.