Јапонските научници успеаја да развијат соларен киборг, односно роботска бубашваба со комбинирање на електроника и вистински инсект, кој може да се контролира од далечина.

Благодарение на многу тенки соларни ќелии, лебарката може да се полни додека е во движење.

Целта на проектот е да се создаде „армија на корисни киборг бубашваби“.

„Уредите за собирање енергија поставени на телото се клучни за проширување на опсегот на активност и функционалност на киборг инсектите“, вели научникот Кенџиро Фукуда.

Инсектите може да се контролираат со поминување на струја низ, на пример, левата страна на телото, што ги нарушува движењата на нозете од таа страна, додека нозете од десната страна функционираат непречено и на тој начин киборг бубашвабата се врти. Овој процес бара енергија и досега беше тешко да се најде начин да се собере енергија без да се преоптоварува, што значително ја намалува подвижноста.

Проблемот е решен со соларни панели кои се виткаат за да одговараат на обликот на телото на лебарката.

„Орди“ киборг бубашваби би можеле да се користат за различни намени, а пред се да бидат испратени на места каде што луѓето немаат пристап. Тие би можеле да се користат во мисии за пребарување и спасување со пребарување на урнатините и пронаоѓање на преживеани, а исто така би можеле да истражуваат места на катастрофи каде што постои висок ризик за луѓето.

Научниците го пронајдоа најдобриот механизам за прицврстување на соларната ќелија за стомакот на бубашвабата, а тоа е направено на начин да се обезбеди негово непречено движење и флексибилност, како и способност да се исправи ако падне на грб. Затоа се користат соларни ќелии со дебелина од само четири микрони, кои во линии се прицврстени за стомакот.

Соларните ќелии овозможуваат полнење на електрониката на сончева светлина, па киборг лебарка може да се движи подолго без да мора да се врати во станица за полнење.

Ова сè уште не е конечната верзија на киборг лебарката бидејќи му требаат уште некои компоненти како предавател и камера.

Фукуда рече дека овие компоненти најверојатно ќе бидат со ниска резолуција и бавни на почетокот, но сепак ќе бидат доволни за да се заврши работата.