Конзолите од следната генерација во моментов се жешка стока и веројатно најпосакуваната ставка за гејмерите ширум светот. Но, проблемот е во тоа што производството, особено во оваа пандемиска година, не може да биде во чекор со големата побарувачка, така што секој што сака нов PlayStation или Xbox нема да може толку брзо да ја добие конзолата што ја посакува. Затоа, љубителите на игри сакаат да нарачаат конзола што е можно поскоро за да се осигурат дека претстојните божиќни празници ќе можат да уживаат во игрите на новиот напреден хардвер.
Повеќе гејмери од Велика Британија научија на потежок начин дека не можат да бидат сигурни дека ќе ја добијат конзолата, дури и кога ќе успеат да ја нарачаат и да платат за неа, а виновник е Amazon. Имено, некои од Британците кои сепак успеаја да го нарачаат PlayStation 5, по пристигнувањето на пакетот наидоа на непријатни изненадувања.
Една гејмерка објави на Твитер дека, откако PlayStation 5 што го купила преку Amazon не и бил доставен кога било предвидено, накнадно го добила пакетот во кој се наоѓала – фритеза. На купувачите кои примиле празни или погрешни пакети, Amazon не сака да им испрати нови уреди или да им ги врати парите, а на интернет кружат гласини дека до пакетите за време на транспортот стигнале крадци, кои ги земале и конзолите и празните пакети ги проследиле на адресата на нарачателот.
Покрај празни кутии и фритези, некои што нарачале конзоли добиле и кафемати, масажаери за стапала, па дури и храна за мачки.
Поврзани артикли