Zoom веќе беше популарна алатка за видео конференции и пред да се случи пандемијата со Ковид-19, па бидејќи на почетокот на 2020. година стана еден од најдобрите избори за видео конференции, брзо се претвори во член на домаќинствата. Ако ви требаше уште еден показател колку Zoom станал популарен, Android апликацијата само што помина 500 милиони преземања во Google Play продавницата.
Play Store сега известува дека Zoom во текот на своето постоење на Android ја поминал границата од 500 милиони инсталирања. Тоа е посебно импресивна пресвртница во случајот на Zoom, бидејќи апликацијата не е во пакет со ниту еден теелфон или таблет. Spotify, SwiftKey Keyboard, Pinterest и Opera Mini неодамна поминаа 500 милиони, но поголем дел од тие апликации имаат прединсталациски договори со различните производители на уреди.
Ажурираните бројки, исто така, покажуваат колку беше брз Zoom. Архивираната верзија на апликацијата од ноември 2019. година пријави само 10+ милиони инсталации, а до 20. март страницата се искачи на 50 милиони преземања. Неполни два месеца подоцна, Zoom достигна 100 милиони инстаклирања.