iPhone 12 линијата смартфони се очекува подоцна во текот на годината, а сега извештај на DigiTimes сугерира дека почетокот на производство на новите модели се очекува во јули. Меѓутоа, изгледа дека следниот месец нема да почне производството на сите iPhone модели, а за почеток на производната лента ќе се најдат 6,1-инчните модели.

Гласините сугерираат дека Apple оваа година ќе претстави четири iPhone 12 модели. Ќе постои 5,4-инчен iPhone, два 6,1-инчни модела и iPhone 12 Pro Max од 6,7 инчи. Извештајот тврди дека производството на 6,1-инчните модели ќе почне, поради тоа што Apple мора да обезбеди тач модули од другите партнери од синџирот на снабдување.

Не е познато зошто Apple своите тач панели не ги набавува од истите извори, а се сугерира дека 6,1-инчниот iPhone 12 можеби користи различни модули во споредба со останатите модели, а посебно на 5,4-инчниот телефон.

Споменатите информации е потребно да се земе со доза на резерва, посебно поради фактот што DigiTimes не е најдоверлив извор на информации, кога се во прашање гласините за Apple екосистемот.