Минатата недела DxOMark објави рецензија на главната камера на iPhone 12 Pro и резултатите покажаа незначителни подобрувања во однос на претходникот. Сега на тест пристигна селфи камерата и резултатите се слични – урамнотежен и способен сензор, иако не баш водечки во индустријата. Сепак, снимките биле забележително подобри од iPhone 11 Pro моделите од минатата година.

Предната камера на iPhone 12 Pro оствари вкупен резултат од 98 поени, што го смести на седмото место во вкупниот поредок. Ја дели седмата позиција со Asus Zenfone 6 и е само бод зад Galaxy Note10+, кој собрал 99 поени.

Некои недостатоци што ги споменува екипата на DxOMark вклучуваат видлив позадински шум во нормални услови и забележителен шум при слабо осветлување. Системот на фиксниот фокус резултира со заматување на оддалечените објекти. Нивоата на експозиција во режимот на блиц баш и не се прославија.

Видео снимките за селги прикажуваат точен баланс на белата боја, чисти детали и добро контролирани артефакти на сликата при резолуција од 4К и 60 кадри во секунда.