YouTube им олеснува на корисниците да ги пронајдат најдобрите моменти во видеата.

Популарната услуга го ажурира својот десктоп и мобилен видео плеер со графикони што ги прикажуваат најпопуларните (или најмногу пуштаните) видео сегменти. Корисниците сега нема да мора да користат интуиција или поглавја за да добијат содржина што навистина сакаат да ја гледаат.

Компанијата исто така навести планови за тестирање на „полесен“ метод за пронаоѓање на точниот момент во видеото што корисникот сака да го пушти. Наместо да прикажува „thumbnail“ слика за одреден момент, видео плеерот ќе прикаже визуелна временска линија што укажува на промена на сцената.

Споменатиот тест наскоро ќе стане достапен за претплатниците на Premium, преку „новата“ секција на YouTube.

Овие функции се во согласност со постоечките подобрувања, кои YouTube веќе ги има имплементирано. Тие вклучуваат подобрен режим на цел екран, автоматски генерирани поглавја и „single-video looping“.