Honor 30S пристигнува на 30. март, а пред повеќе од една недела се појавија извештаи дека телефонот ќе има четири камери на задниот дел. Сега DigitalTrends тврди дека главната камера на уредот ќе има сензор од 64MP.

Веб-страницата објави и фотографија од промотивниот материјал, кој открива дека Honor 30S ќе има поддршка за 3х оптички зум.

Сепак, постојат разлики помеѓу претходно протечените рендери и новите фотографии. Претходните фотографии сугерираат дека dual-LED блицот се наоѓа веднаш до првата камера, а четвртиот сензор се наоѓа подолу. Новата фотографија покажува само еден блиц покрај средната камера, со AI лого од горната страна и четврта камера под него.

Honor 30S ќе користи Kirin 820 чипсет, ќе поддржува 5G и полнење до 40W. Според AnTuTu листингот, телефонот доаѓа со 8 GB RAM меморија, 128 GB простор за складирање и Android 10. Резолуцијата на дисплејот е 2400 x 1080p, додека дијагоналата на екранот не е позната.