„Продажбата на денот на излегувањето ќе биде онлајн – само оваа година, така што ве молиме да планирате однапред“, пишува во поднасловот на официјалниот PlayStation 5 блог, објавувајќи ја новата информација за продажбата на конзолата.
„Наскоро се приближуваме до лансирањето на PlayStation 5 конзолата, 12. ноември или 19. ноември во зависност од регионот. За да ги заштитиме гејмерите, трговците и екипажот од Ковид-19, денеска потврдуваме дека во деновите на лансирањето продажбата ќе одвива преку интернет низ продавниците на нашите партнери“, се наведува во официјалната објава на блогот.
Се додав и дека во продавниците нема да биде можна продажбата и поради тоа се молат потенцијалните купувачи да не чекаат во редовите пред продавниците на денот на излегувањето на конзолата во надеж дека ќе ја купат меѓу првите. „Бидете безбедни, останете дома и вашата нарачка направете ја онлајн“.
Дали ова ќе се однесува и на Македонија, останува да се види.
Поврзани артикли